Течат роковите за приговори
Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето може да поднесе приговор до Државната изборна комисија...

Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето може да поднесе приговор до Државната изборна комисија.
Приговорот на постапката за гласање се поднесува во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, а на постапката за сумирање и утврдување на резултатите, во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати.
ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на Комисијата, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа, а суд решава за 48 часа. Неговата одлука е конечна.
