Украина

Зеленски благодарен на САД и другите сојузници за воената помош

25.04.2024 12:20

Стејт департментот потврди дека САД испратиле ракетен систем со долг дострел во Украина. Велат дека земјата се обврзува оружјето да го користи само на нејзина територија, а не на руска. Бајден го потпиша и Законот за воена помош на сојузниците. На фронтот битките продолжуваат...

САД испратиле ракетен систем со долг дострел во Украина, соопшти Стејт департментот. Потврдата стигнува откако американски медиуми објавија дека тој систем бил користен за бомбардирање на руски воен аеродром на полуостровот Крим. Од Стејт департментот, велат дека Украина се обврзува оружјето да го користи само на нејзина територија, а не на руска.

„Видовме дека Русите се подготвени да прифатат ракети со долг дострел од други земји, особено Северна Кореја. Ги користеа на бојното поле, а ги користеа и за напад на украински цивили. Ние ја обезбедивме одбраната на Украина како наши партнери“, изјави Џејк Саливан – советник за безбедност на САД.

Бајден го потпиша законот за воена помош на сојузниците

Во меѓувреме, американскиот претседател Бајден го потпиша и Законот за воена помош на сојузниците, од кои  Украина добива 61 милијарда долари. Украинскиот претседател Зеленски се заблагодари на помошта. И тој потврди дека Украина го добила ракетниот систем за дол дострел.

„Благодарен сум на претседателот Бајден, на американскиот Конгрес и на сите американски кои ја сфаќаат потребата да го прекинат ветрот од едрата на Путин, да не му се покорат, бидејќи само тогаш ќе има помалку закани за слободата“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

На фронтот продолжуваат битките. Киев тврди дека повторно цела на Москва е критичната инфраструктура. Во меѓувреме, двете страни договорија размена на деца одвоени од нивните семејства.

 

Маја Стојанова