Касами: Победникот сме ние од коалицијата „Вреди“
Касами на прес-конференција рече дека биле добитници на изборите, оти како што кажа, ДУИ имале купено гласови од загрозени гласачи кои имале потреби од пари. Арбен Таравари и Коалицијата „Вреди“ велат дека очекуваат на 8-ми мај на Парламентарните избори да ја победат ДУИ...

Коалицијата „Вреди“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави претседателот на „БЕСА“ и градоначалник на Тетово, Биљал Касами. Тој на прес-конференција рече дека биле добитници на изборите, оти како што кажа, ДУИ имале купено гласови од загрозени гласачи кои имале потреби од пари. Оваа трка уште повеќе ќе важи на 8-ми мај“, рече Биљал Касами.
„ДУИ има купено гласови“
„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците. ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија“, изјави Касами.
Очекувања за победа на 8-ми мај
Здружената албанска опозиција им се заблагодари на гласачите кои го дадоа гласот за претседателскиот кандидат Арбен Таравари и коалицијата „Вреди“ и велат дека очекуваат на 8-ми мај на парламентарните избори да ја победат ДУИ. На прашањето за кого ќе гласаат во вториот круг од претседателските избори од коалицијата „Вреди“ рекоа дека немаат решено, но ќе седнат и ќе разговараат.
Во сите изборни единици каде што доминираат Албанците, односно во Првата, Втората и Шестата, разликата е три-четири илјади гласови, изјави кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција „Вреди“ Арбен Таравари. Прашан, дали ќе даде оставка доколку изгуби од Османи, Таравари рече дека за тоа ќе се разговара во органите на партијата.
Борис Грујоски
