Нелегалните таксисти проблем во Велес
Легалните таксисти бараат решавање на проблемот со нелегалните таксисти. Велат нашиот профит оди во нивните џебови. Од локалната самоуправа децидни- проблемот наскоро ќе биде решен. За граѓаните малку е важно дали се возат со легален или не таксист...

Локалните таксисти се пожалија. Работата им ја превземале трипати побројните од нив нелегални таксисти. Од локалната самоуправа побараа помош.
„Секој може да работи, кога сака и како сака, додека трошоците и се друго се останати н алегалните таксисти“, рече Тони Јосифов, претседател на Здужението на таксисти од Велес.
Периодот за прилагодување кој Општината им го даде на „дивите“ таксисти помина. Проблемот наскоро ќе се реши.
„Негде околу први ќе биде зајакната инспекциската служба, ќе се испаѓа редовно на терен во соработка со полицијата и ќе ставиме ред во такси превозот дефинитивно во Велес“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Дали таксистот е легален или нелегален за велешани е малку важно. За нив најважна била цената и услугата и што побрзо да стигнат на саканото место.
„Не обрнувам внимание, гледам што побрзо да се качам и кога имам работа да стасам“
„Внимавате ли дали таксистот е легален или не?...Не, да ти кажам искрено да се пикнам само гледам да си одам“
„Не, било кој... зошто?... Кој се легални кој не се, треба да им бараш лиценци треба да гледам дали на вратата има општина Велес“, велат анкетираните велешани.
Пред три години Општина Велес донесе одлука за доделување на 250 такси лиценци. Покрај жолтата боја возилото кое врши превоз на патници мора да има воздушни перничиња, АБС кочници, клима уред и фискален апарат.
Дијана Иванова
