Ин мемориам

Почина Велибор Џаровски-Џаро

25.04.2024 14:15

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело Дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена...

По кусо боледување, на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело Дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена, на кои им организираше турнеи.

Џаровски исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Погребот е утре во 13 часот на гробиштата во Ѓорче Петров, Скопје.