Левица: Нашето прво учество на претседателските избори го изработивме машки
Нашето прво учество на претседателските избори го изработивме машки, потписите ги собравме за рекордно време. Додека сите партии имаат пад, ние имаме раст на бројот на гласови споредено со претходните избори-истакна лидерот на Левица, Димитар Апасиев...

Опозициското настроение во државата е евидентно. Нашето прво учество на претседателските избори го изработивме машки, потписите ги собравме за рекордно време. Понудивме сосема различна стратегија. Додека сите партии имаат пад, ние имаме раст на бројот на гласови споредено со претходните избори-истакна лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Иако во Левица очекувале подобар резултат, задоволни сè што допреле до авангардата. Но, велат, со авангарда не се победува. Најавуваат дека ќе работат на подобрување на инфраструктурата, на базата до следните избори и ќе отворат нови канцеларии за да им се доближат на граѓаните во сите населени места.
Со радикални промени може да се сврти нов лист
Според нив, главната битка е на осми мај на парламентарните избори и тогаш ќе го играат второто полувреме. Велат дека не се гладни за власт и имаат долгорочен план. Уверени дека само со радикални промени можеме да свртиме нов лист и да создадеме средена држава.
Ветуваат укинување на партиципациите и школарините на факултетите, дигитализација на високошколските учебници по принципот на „отворен пристап“, десеткратно зголемување на буџетот за образование и наука.
Александра Велинова
