Избори 2024

ДИК: Подносителите на листите имаат право на приговор во рок од 48 часа

25.04.2024 18:42

Даштевски ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите по вчерашното гласање во првиот круг на претседателските избори. Излезноста била 49,93%...

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски со најнови податоци за првиот круг од претседателските избори.

Даштевски ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите по вчерашното гласање во првиот круг на претседателските избори. Излезноста била 49,93%.

Стево Пендаровски 180.306 | 19,93 проценти, Гордана Сиљановска Давкова 362.682 | 40,08 проценти, Стевчо Јакимовски 8.103 | 0,90 проценти, Бујар Османи 120.903 | 13,36 проценти, Билјана Ванковска Цветковска 41.172 | 4,55 проценти, Арбен Таравари 83.356 | 9,21 проценти, Максим Димитриевски 83.787 | 9,26 проценти.

Подносителите на листите имаат право на приговор во рок од 48 часа.