ДИК со први официјални резултати
Официјални резултати на Државната изборна комисија од првиот круг од претседателските избори. Излезноста била 49.93 насто. Од обработени 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ Гордана Силјановска-Давкова вкупно 363 илјади 86 или 40,08 насто од гласовите, пред Стево Пендаровски од СДСМ и Коалицијата „За европска иднина“ со 180 илјади и 500 или 19,92% проценти од гласовите.

Вториот круг од претседателските избори ќе биде одлучувачки кој ќе седне во Вила Водно. Според резултатите на ДИК на 8-ми мај силите ќе ги одмерат Силјановска-Давкова и Пендаровски. Државната изборна комисија пред малку одржа конференција каде ги соопшти официјалните резултати.
Миле Ристески ја следеше прес-конференцијата.
