Избори 2024

Течат роковите за приговори кои коалициите и партиите може да ги поднесат до ДИК

25.04.2024 21:25

Според резултатите на ДИК на 8-ми мај силите ќе ги одмерат Силјановска-Давкова и Пендаровски. Државната изборна комисија, одржа конференција каде ги соопшти официјалните резултати...

Безмалку 50 проценти од вкупно запишаните 1.814.317 го искористиле своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори. 363.086 гласачи или 40,08 проценти гласале за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, додека 180.500 гласачи или 19.92%, довербата ја дале на Стево Пендаровски.

ДИК ги соопшти официјалните резултати. Сега течат роковите за приговори кои коалициите и партиите може да ги поднесат до ДИК.

Ако некоја коалиција или партија е незадоволна од одлуката на ДИК може да поднесе тужба до Управниот суд. На трите избирачки места во Куманово, каде не се одвиваше гласањето од технички причини нема да се одвива прегласување бидејќи нема да има влијание на изборните резултати.

 

Миле Ристески