Фудбал

Рома го доби прекинатиот натпревар со Удинезе

25.04.2024 22:02

Резултатот беше нерешен 1:1 на паузата, а заврши со победа на гостите од 2:1. Стрелец во судиското надополнување беше Брајан Кристанте по асистенцијата на Пауло Дибала...

Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување – 1:2. Фудбалерите на Удинезе и Рома го комплетираа прекинатиот натпревар од 32 коло во италијанската Серија А. Потсетување дека овој меч стартуваше на 14 април и истиот беше прекинат во 72 минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ндика колабираше на теренот, па вечерва беа одиграни преостанатите 18 минути од натпреварот, плус судиското надополнување.

Резултатот беше нерешен 1:1 на паузата, а заврши со победа на гостите од 2:1. Стрелец во судиското надополнување беше Брајан Кристанте по асистенцијата на Пауло Дибала.

Бодовите им беа неопходни на двете екипи, Удинезе да избегне испаѓање, Рома во борба за место во Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17 место со 28 бодови.