Сеуште нема точно објаснување од Заев за патувањата во Грција!
Недоречености и дилеми, со кого се среќавал, што договарал и што добивал на сребите. Затекнати се и дел од аналитичарите. Велат недостига точно објасвнување од Заев...

Откако Дневник ја објави информацијата за контроверзните патувања на Заев во Грција и Бугарија, јавноста не доби прецизен одговоир за причините на ваквото однесување на ОПОЗИЦИСКИОТ лидер. Заев се огласи со објаснување дека одел во три збратимени општини. На преминот Дојран морало да се излезе од возилото за да се однесе пасошот до бараката и со аргумент дека честите патувања кај јужниот сосед се поради член на семејството.И по ова остана сомнеж кај медиумите. Недоречености и дилеми, со кого се среќавал, што договарал и што добивал на сребите. Затекнати се и дел од аналитичарите. Велат недостига точно објасвнување од Заев.
„Ние не одбивме точно објаснување зошто е тоа така, а со тоа се подгреваат и шпекулациите дека има силна поврзаност помеѓу потезите што ги влечеше СДСМ изминатава година и она што се случуваше, што Грција го користеше“, вели политикологот Владимир Божиновски.
„Сите граѓани знаат дека на преминот Дојран мора да излезете од возилото за да го однесете пасошот до бараката, што не е случај на преминот Богородица. Многу е лесно некој со зли мисли некој да ве слика како излегувате од колата“, изјави Заев.
Медиумите кои ја поддржуваат опозицијата го поставија прашањето дали службите го следат опозицискиот лисењр. Кога сте јавна личност секогаш сте во фокус на внимание, објаснува Божиновски.
„Секој оној којшто е јавна личност, јавноста се интересира за него. Зоран Заев како лидер на најголемата опозициска партија, се разбира дека ќе биде во фокусот на јавноста“, додава Божиновски.
Останатите медиуми пак ги поврзаа посетите на Зоран Заев кај соседите во период кој е поврзан со важни настани за државата. СДСМ преку соопштение реагираат до неколку портали. Велат дека тоа се измислици и го окарактеризираат како обид властља да се оправда за мегаскамдалот во кој бил инволвиран нивниот лидер.
Наташа Гркова-Петрушевска
