Израел

Напади во Рафах и во централна Газа

26.04.2024 09:04

Палестинската управа бара истрага за масовните гробници во болниците во енклавата, каде што беа пронајдени околу 400 тела...

Израелската армија ги продолжува нападите врз цели во Рафах и централна Газа. Палестинската управа бара истрага за масовните гробници во болниците во енклавата, каде што беа пронајдени околу 400 тела. Израелската одбрана ги негира наводите. Египет му го достави на Израел предлогот на Хамас за едногодишен прекин на огнот во Газа.

Стотина уапсени на пропалестински протести низ универзитетите во САД. Демонстрантите бараат образовните установи да престанат да инвестираат училишни средства во компании вклучени во производство на оружје со кое се поддржува војната на Израел против Хамас во газа. Израелскиот премиер Нетанјаху ги осуди протестите.