Украина

Силите на Киев под деноноќен артилериски оган

26.04.2024 09:06

Продолжуваат нападите и во Доњецк, Харков...

Украинските сили кои го бранат Часов Јар се под силен притисок од руските сили кои почнуваат копнени напади, воздушни бомбардирања и деноноќен артилериски оган. Продолжуваат нападите и во Доњецк, Харков.

„Новиот пакет помош од соединетите држави ни дава дополнителна сила да се одржиме. Разбираме дека во најкус можен рок ќе можеме да почувствуваме поголема способност да го погодиме непријателот со артилериски системи. Треба да биде јасно дека кога ќе имаме доволно артилериска муниција, ќе го држиме непријателот на безбедно растојание“, изјави полковник Серхи Осачук, служба за државна гранична стража.

Кина мора да престане да и помага на Русија во војната против Украина ако сака да има добри односи со Западот, изјави генералниот секретар на НАТО Столтенберг.