Макрон: Европа не смее да стане вазал на САД
Тој предупредува дека Европа е на пресвртна точка и дека може да згасне доколку заостане зад светските ривали. Според него, главната закана за европската безбедност е војната во Украина...

Францускиот претседател Макрон повика на посилна и поинтегрирана европска одбрана, нагласувајќи дека континентот не смее да стане вазал на САД. Тој предупредува дека Европа е на пресвртна точка и дека може да згасне доколку заостане зад светските ривали. Според него, главната закана за европската безбедност е војната во Украина.
„Европа мора да знае како да го брани она што и е драго. Мора да продолжиме да градиме партнерства со други земји. Тоа значи дека градиме Европа која може да покаже дека не е американски вазал и која знае да разговара со сите региони во светот, со растечките земји од Африка и Латинска Америка“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Макрон смета дека воените, економските и други притисоци може да ја распаднат европската унија и дека е неопходна промена на сегашниот модел.
