САД
Заврши усното излагање за имунитетот на Трамп
26.04.2024 09:13
Следната јавна седница е закажана за 9 мај...

Пред Врховниот суд на САД заврши усното излагање на аргументи за имунитетот на поранешниот претседател Доналд Трамп, обвинет за обид да ги поништи претседателски избори во 2020 година. Следната јавна седница е закажана за 9 мај. Трамп поднесе жалба до највисокиот американски суд откако пониските судови го одбија неговото барање да биде заштитен од четири кривични пријави поврзани со изборите во 2020 година.
Тој се изјасни за невин и тврди дека пријавите биле поддржани од демократските сојузници на претседателот Џо Бајден за да ја поткопаат неговата кампања за изборите во ноември.
