КИНА

Вашингтон и Пекинг предупредија на опасноста од меѓусебни недоразбирања

26.04.2024 09:17

Двете страни се со различни во ставови за бројни билатерални, регионални и глобални прашања. Истакната важноста за отворени линии за комуникација...

Вашингтон и Пекинг предупредија на опасностите од меѓусебни недоразбирања и погрешни пресметки. Двете страни се со различни во ставови за бројни билатерални, регионални и глобални прашања. Истакната важноста за отворени линии за комуникација.

„Ние секогаш повикуваме на почитување на основните интереси и ги повикуваме САД да не се мешаат во внатрешните работи, да не го кочат развојот и да не газат на црвените линии за суверенитетот, безбедноста и развојот на Кина“, изјави Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина.

„Важно е да се осигураме дека сме на чисто за областите каде што имаме разлики. Во најмала рака да избегнеме недоразбирања и погрешни пресметки кои навистина се заедничка одговорност, не само за нашиот народ, туку и светот“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Блинкен пристигна во Кина во средата, непосредно пред претседателот Бајден да го потпише пакетот странска помош од 95 милијарди долари кој вклучува и помош за Тајван. Кина побара САД да престане да го вооружува Тајпеј. Кина мора да престане да и помага на Русија во војната против Украина ако сака да има добри односи со западот, изјави претходно генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.