Северна Кореја
На годишнината на армијата на Северна Кореја, тестиран повеќекратен ракетен фрлач
26.04.2024 09:35
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, набљудуваше ново артилериско тестирање...

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, набљудуваше ново артилериско тестирање. На денот што се одбележува како годишнина од армијата во социјалистичката држава, тестиран повеќекратен ракетен фрлач.
Изминатата недела Пјонгјанг изврши неколку тестови во Јапонско море, меѓу кои и балистичка ракета со долг дострел. Северна Кореја се обидува да го истакне развојот на оружје во последниве месеци и силно ги критикува заедничките воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја.
