Со параглајдер до профит
Параглајдерист-кај нас спорт и хоби, но во светот професија. Прилепчанецот Мартин Јованоски има 5 годишна виза за работа во Јужна Америка. Лета туристи со параглајдер. Вели, туристите се повеќе бараат активен одмор, а параглајдингот додава огромни количества адреналин...

24 годишниот Мартин Јованоски од Прилеп, ја има една од најинтересните печалбарски работи. Оваа зима цели 6 месеци летал странски туристи во тандем со параглајдер, во Кејптаун, Јужна Африка. Таму заминал по препорака на негови пријатели. Ви дека таа туристичка гранка е екстремно добро развиена во Африка.
„Имаат 11 компании кои се занимаваат со оваа работа, и многу, многу туристи на кои им се нудат најразлични типови на услуги од активен одмор, како што е и параглајдерството“, вели Мартин Јованоски, параглајдерист.
Запознал луѓе од целиот свет, а имал и доста интерсни искуства.
„Една 83 годишна баба, леташе со нас, цел живот имала сон да лета и конечно тој и се оствари“, додава Јованоски.
Вели дека Македонија како држава нуди одлични можности за развој на овој туризам и кај нас. Јованоски во летните месеци лета туристи и во Македонија.
Но, сепак вели потребно е поголема афирмација на овој спорт кој во иднина може да донесе многу туристи и многу приход.
„Средувањето на слетувалиштата и полетувалиштата во Македонија ќе помогне многу за ова. Исто така морам да напоменам дека преку еден проект на УСАИД во наредниот период ќе започне да се реализира тоа со најголемите центри за параглајдерство кај нас, тоа се Охрид, Крушево, Трескавец кај Прилеп и Водно“, истакнува Јованоски.
Сега добил 5 годишна работна виза Африка и оваа зима големи се шансите повторно да замине за Кејптаун.
Дарко Штаргоски
