Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста...

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста. Цените се поскапени за 15,4 отсто.
Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ ќе плаќаат 6.292 денари наместо 5.453 денари, односно 839 денари повеќе. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ, пак, се зголемува од 6.166 на 7.116 денари. За колите со моќност од 66 до 84 КВ цената на осигурувањето се зголемува од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со моќност од 84 до 110 КВ. Конечно, осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе изнесува 11.879 денари, а досега изнесуваше 10.294 денари. Новите цени стапиле на сила на 25-ти април.
Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Цената за осигурување на возилата ја одредува Националното биро за осигурување.
