Индија

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

26.04.2024 10:44

Парламентарните избори во седум фази ќе завршат на 1-ти јуни, а резултатите ќе бидат познати на 4-ти јуни...

Во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот. Безбедносните мерки се на зголемено ниво во обид да се спречат обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето. Во петте недели гласање, право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Парламентарните избори во седум фази ќе завршат на 1-ти јуни, а резултатите ќе бидат познати на 4-ти јуни.  Анкетите покажуваат дека актуелниот премиер Моди лесно ќе освои големо мнозинство.  Опозицијата настапува со сојуз од дваесетина партии.