Формула 1

Мерцедес супериорен на(д) Ред Бул

22.06.2014 17:52

Нова, 1-2 победа за Мерцедес на Ред Бул Ринг , петеката што по 11 години одново е на календарот во Ф1 шампионатот овојпат како 8-ма трка во сезоната. Во интересната трка Росберг стигна до највисокото место на пиедесталот, трет пат сезонава, 6-ти во кариерата. Одличен беше и неговиот клупски колега Хамилтон кој по лошите квалификации 9-тата позиција на стартот ја претвори во втора на подиумот, на кој за прв пат во кариерата се најде и возачот на Вилијамс , Валтери Ботас.

Нова, 1-2 победа за Мерцедес на Ред Бул Ринг , петеката што по 11 години одново е на календарот во Ф1 шампионатот овојпат како 8-ма трка во сезоната. Во интересната трка Росберг стигна до највисокото место на пиедесталот, трет пат сезонава, 6-ти во кариерата. Одличен беше и неговиот клупски колега Хамилтон кој по лошите квалификации 9-тата позиција на стартот ја претвори во втора на подиумот, на кој за прв пат во кариерата се најде и возачот на Вилијамс , Валтери Ботас. Токму Вилијамс беше освежувањето на големата награда на Австрија откако Маса и Ботас стартуваа од првиот ред, но уште во раната фаза од натпреварот неможеа да го одржат темпото со Мерцедес што во секој случај не беше ни нивна приоритетна цел, па 3-тото на Ботас и 4-тото место на Маса на крајот беше одличен резултат за нив.

5-ти заврши Фернандо Алонсо уште еднаш вадејќи го максимумот од лимитираното Ферари, одличниот Перез на Форс Индија одново внесе атрактивност во трката и од 13-тата позиција стигна до 6-тото место, а поени освоија и Магнусен, Рикардо , Хилкенберг и Раиконен. Разочарувачки настап одново имаше Фетел, во 2-от круг речиси застана, падна на последното место, но се врати, за повторно поради проблеми со болидот да се откаже во 25-от круг.

Росберг со новите 25 поени остана на првото место во поредокот кај возачите зголемувајќи ја предноста во однос на Хамилтон на 29 поени, а Алонсо ја намали разликата во однос на третопласираниот Рикардо на само 2 поена.

Следната трка, британското гран-при на патеката Силверстон е во првиот викенд од Јули.