Избори 2024

Мицкоски повика на државно обединување на народот

26.04.2024 16:28

Над сто и осумдесет илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт. Ова на митинзите во Струга и Кичево го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Притоа тој ги повика граѓаните масовно да застанат зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да не подлегнуваат на притисоците и уцените...

Над сто и осумдесет илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт. Ова на митинзите во Струга и Кичево го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Притоа тој ги повика граѓаните масовно да застанат зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да не подлегнуваат на притисоците и уцените.

Народот не сака да биде под јаремот на стотина души на ДУИ, со држава дадена на услуга на Али Ахмети. Народот покажа дека е посилен од секое сценарио, од секоја шема направена од истите политичари кои со години крадат и се богатат на грбот на сиромашниот и напатен народ. Ова на митинзите во Струга и Кичево го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, посочувајќи дека изборите биле одговор на тоа што ја одзеле контролата на државата, затоа што донеле предавства и криминали. Притоа тој повика на сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против изворот на сите страдања, а тоа е како што рече владата на СДСМ и ДУИ.

„Народот е на нозе и народот се крена против оваа власт. Оние кои се удираа во гради дека ќе сме се сокриле после изборниот ден јас денеска не ги гледам. Сокриени коваат сценарија за бојкот“, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Испишуваме историја затоа што во нас македонските граѓани препознаа луѓе кои што се чесни, трудољубиви и луѓе кои што можат да ја донесат правдата во Македонија“, рече носителот на листата во 5-тата ИЕ Ѓорѓија Сајкоски.

„Ако сме согласни дека треба да имаме и подобро здравство, дека треба да имаме подобро образование, дека инфраструктурата во изборната единица 5 е катастрофална и дека треба да направиме нова комплетно инфраструктура придружете се“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во 5 ИЕ.

Добивам информации за црни сценарија кои се коваат во противничките штабови и затоа им порачувам на тие што ги планираат дека народот уште пожестоко ќе ги казни, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За да им се ускратат тие негативни сценарија што ги планираат СДСМ и ДУИ тој повика на масовна излезност на 8-ми мај.

 

Сашо Нелоски