Изборна математика пред вториот круг од гласањето
по вчерашните првични резултати од државната изборна комисија, сега на ред е изборната математика. Чија поддршка очекуваат двајцата кандидати? Силјановска-давкова во првиот круг освои 40,08 насто од гласовите, пред Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ со 19,92% проценти од гласовите. Вториот круг ќе биде одлучувачки....

Партиски пазарења ќе има, но партиите нема јавно да ги соопштат додека не се договорат што ќе прават по изборите, велат аналитичари за МТВ. По најавата на Пендаровски дека нема да бара трансфер на гласови, аналитичарот Селими е оптимист дека голем дел од граѓаните ќе гласаат по сопствено убедување.
Аналитичарот Илиев вели дека партиските лидери ќе одлучуваат кому ќе му ги дадат гласовите, а според него најинтересни ќе бидат позициите на Левица и на ЗНАМ кои заедно имаат околу 120 илјади гласови.
Силите на 8-ми мај ќе ги одмерат Силјановска – Давкова со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Пендаровски кој ја има коалицијата на СДСМ зад себе. Во првиот круг професорката оствари предност од 180 илјади гласови во однос на актуелниот шеф на државата.
Анита Димитријевска – Велковска
