Категоризација на угостителските објекти за повисок туристички стандард
Министерството за економија го промени правилникот за категоризација на угостителските објекти. Стандардите на туристите се поткренаа, па истото требаше да се случи и со хотелите. Се подобрија условите и во приватното сместување...

Новиот правилник за категоризација на сместувачките капацитети ќе внесе ред во досегашното собирање ѕвездички кои не секогаш ја одразуваа реалната категорија на понудата. Сега главен параметар за повисок стандард ќе бидат бодовите.
„Категоризацијата на хотелите во Македонија се направени по основа на Европската асоцијација на хотели со некои мали измени за македонските хотели. Новите стандарди се на база на бодови“, вели Крсте Блажески, заменик претседател на ХОТАМ.
Иако во приватното сместување има само две категории, стандардна и комфорна, сепак, и таму има големо поместување кон постигнување повисоки стандарди.
Денешната слика на приватното сместување во Струга и во Охрид полека се менува. Како што може да приметите, денешните апартмани изгледаат многу полуксузно, поточно, одговараат на сите оние барања кои туристите ги имаат.
Станоиздавачите веќе знаат дека туристите бараат луксузни апартмани ,но и она најважното-љубезност и вистинско гостопримство. Стружани по ова се надалеку познати.
„Народот е љубезен, со било кој гостин да дојдит и од каде и да е ќе биде убаво пречекан... Нормално треба да бидат љубезни, меѓутоа основно е да се знае кој издава легла, за колку пари и колку и плаќа на државата“, велат стружани.
Стандардите, услугите, конфорот и насмевката, заедно со добрата храна и прекрасната приртода ќе придонесат до поквалитетен туризам воопшто.
Јованчо Наумоски
