„Вреди“ се сметаат за победници во првиот круг од претседателските избори
Без разлика на резултатите од здружената албанска опозиција „Вреди“ се сметаат за победници во првиот круг од претседателските избори. Коалицијата денеска продолжи со активности и ветувања до граѓаните...

Организацијата на жени од коалицијата „Вреди“ ги претставија активностите во седиштето на Алтернатива во Скопје. Од работилницата на која учествуваа и пратенички од косовскиот парламент порачаа дека е потребно надминување на стереотипите во општеството.
По парламентарните избори доаѓа промената
Кандидатите за пратеници од коалицијата „Вреди“ убедени дека по парламентарните избори доаѓа промената. Коалицијата „Вреди“ претстави делови од програмата за парламентарните избори, функционирање на владеењето на правото, реформи на судството со ветинг на судиите и обвинителите. Од „Вреди“ порачаа, вашите проблеми ќе добијат решенија и ќе добиете влада која го слуша граѓанинот, влада која му служи на граѓанинот, влада посветена на граѓанинот. Затоа повикаа на масовно гласање и на парламентарните избори.
Коалицијата „Вреди“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, е ставот на претседателот на „Беса“ и градоначалник на Тетово, Биљал Касами. Според него тие се добитници на изборите, бидејќи, ДУИ имале купено гласови од загрозени гласачи кои имале потреби од пари.
Ирина Гелевска
