Ставаат ли партиите акцент на здравството?

26.04.2024 17:32

Се помалку пари во здравството за превенција на болести, во фокус на политичките партии е изградбата на нов Клинички центар...

Влез во Европската Унија, инфраструктурни инвестиции, изградба на капитални објекти, најави за поголеми плати, ветувања што носат политички поени, стратегии и политики за здравство речиси и не можат да се чујат, велат граѓанските организации кои со години работат во овој сектор. Мора да се има програми за превенција.

Павловски вели не треба ништо да се смислува, добрите практики од странство треба само да се воведат и кај нас. Тој апелира сите политички чинители да имаат сериозна здравствена политика, но таа да не остане само на хартија.

Потребни подобри услови за третман на пациентите

Претставници на СЗО месецов потенцираа дека се потребни подобри услови за третман на пациентите, надлежните мора да обезбедуваат пари за навремена терапија за хроничните болести.

 

Наташа Јанчиќ Менковски