ИН МЕМОРИАМ

На 61 годишна возраст, почина нашиот колега Орце Ѓорѓиев

26.04.2024 18:48

Целиот работен век го помина во Македонското радио, најпрвин како телепринтерист, а потоа во одделението за емитување програма како оператор на програма...

Вчера, на 61 годишна возраст, почина нашиот колега Орце Ѓорѓиев, оператор на програмата во секторот радиотехника и продукција во Македонското радио. Целиот работен век го помина во Македонското радио, најпрвин како телепринтерист, а потоа во одделението за емитување програма како оператор на програма.

Непосредно соработуваше и со дневната редакција во процесот на подготвување и емитување на вестите и информативните емисии. Колегата Ѓорѓиев ќе го помниме како вреден работник, со секогаш професионален пристап кон работата, лојален на Македонската радио-телевизија и со беспрекорен другарски однос кон колегите.

Погребот ќе биде извршен утре, во 11 часот, на градските гробишта Бутел во Скопје, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 10 до 11 часот.