Сообраќајна несреќа

Тешка сообраќајна несреќа во Чаир

26.04.2024 19:36

Три возила, меѓу кои е и полициско возило се судрија на раскрсницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“...

Улицата „Џон Кенеди“ во Чаир е блокирана за сообраќај, поради тешка сообраќајна несреќа.

Три возила, меѓу кои е и полициско возило се судрија на раскрсницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“.

Според првичните информации, има повредени лица, а карактерот на повредите дополнително ќе се утврдува.