Ракомет
Екипата на Вардар славеше над Струга
26.04.2024 20:40
Повторно лидер на табелата е Вардар со 30 бодови, еден повеќе од второпласираниот Еурофарм Пелистер кој својот меч ќе го има в сабота...

Во 11 коло во плеј-офот на македонската ракометна Суперлига екипата на Вардар иако во комбиниран состав убедливо со 36:15 славеше над Струга. Први стрелци во редовите на скопските „црвено-црни“ беа Марио Стојановски и Немања Голковиќ со по пет голови, а по четири имаа Милан Лазаревски и Ален Ќосевски.
Повторно лидер на табелата е Вардар со 30 бодови, еден повеќе од второпласираниот Еурофарм Пелистер кој својот меч ќе го има в сабота на гостински терен против Тинекс Пролет.
Фото:/ Ракомет
