Мундијалот го диктира ноќниот живот во Велес

22.06.2014 18:11

Различни генерации, различни ноќни животи. Најмладите и тинејџерите со несекојденвни летни забави, оние другите традиционално во кафе баровите и кафеаните. Фудбалот како да го диктира темпото на ноќното живеење на велешани...

Приквечерината ја најавува ноќта. Во Велес, најмладите први го започнуваат ноќиот живот. Во Младинскиот парк ги прватат првите возачки акробации. Моторите и џиповите за момчињата, автомобилите за девојчиња. Задоволни од забавата и децата и родителите.

„Убаво ми е и на џип и на мотор и на двете работи ми е убаво...Убаво ми е... Добро е, се забавуваат децата“, велат анкетираните.

Светлото е прималиво за сите. Во луна паркот добредојдени се и млади и стари, тинејџерите велат најинтересно е на гондолата помладите пак на нивното омилено вовче.

„Имаме убава забава во Велес... Интересно,  многу убаво, забавно“, велат граѓаните кои случајно ги затекнавме.

Околу полноќ центарот на градот скоро и да беше празен. На самотијата и пркоса автомобилите.

Пред двесетина години на прочуеното велешко Корзо беше ноќниот живот на младите, сега состојбата не е таква, младите се во новиот дел од градот.

Кафе баровите полни со гости. Добро друштво, пијачки на  маса и погледи кон видео бимовите. И оваа вечер ноќниот живот во знакот на светското фудбалски првенство.

„На младите ни фали летно диско“, вели еден велешанец.

Со петок за многумина завршува работната недела, малу одишка не е на одмет.Кафеаните забава за малку повоздрасните велешани.

„Забава, музика, национални јадења, тоа е она што ги привлекува гостите да доаѓаат секогаш“, рече Весна Николова- угостител.

Мирна ноќна забава видовме ние, но дали така било насекаде во Велес ја прашавме полицијата.

„Почнувајки од 00 часот во тековниот ден, може да се каже дека релативно мирно  било на подрачјето на ПС Велес“, рече Рубинчо Димовски, Главен дежурен  во ПС Велес.

 

Дијана Иванова