Скопје

Делови од Карпош денеска без струја

27.04.2024 08:39

Прекинот поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа ќе биде во периодот од 09:30 до 14:30 часот...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (сабота), без електрична енергија ќе останат објектите на Основното училиште – Владо Тасевски, градинката – Пролет и потрошувачите во нивната близина на ул. Јуриј Гагарин (општина Карпош).

Прекинот ќе биде во периодот од 09:30 до 14:30 часот.