Тел Авив дава последна шанса за договор
Израел го извести Египет дека дава последна шанса да го реши прашањето за заложниците...

Израел го извести Египет дека дава последна шанса да го реши прашањето за заложниците. Во Тел Авив, делегација од Египет со надеж за придвижување на договорот за примирје. Истовремено предупредија дека офанзивата во Рафах може да има катастрофални последици за регионалната стабилност.
Хамас соопшти дека го добил последниот одговор на Израел и дека ќе го проучи пред да достави одговор. Продолжија воздушните напади на југот од Газа. Израелската одбрана на готовс. Поставени десетици тенкови и оклопни возила пред стартот на копнената офанзива во Рафах.
Се интензивира размената на оган меѓу Израел и Хезболах. Регистрирани напади и од јеменските Хути. Погоден британски брод во море.
