САД

Серија торнада во централниот дел на САД

27.04.2024 09:23

Неколкумина повредени во серија торнада кои го зафатија централниот дел на САД...

Неколкумина повредени во серија торнада кои го зафатија централниот дел на САД. Според Американската метеоролошка служба регистрирани се над 70 торнада низ целата земја, а повеќето од нив, околу градот Омаха во Небраска и во близина на Ајова.

Предизвикани се огромни штети, срамнети домови, уништени индустриски комплекси, урнати далноводи. Спасувачите на терен ги евакуираат луѓето.

Се очекува временскиот феномен да продолжи кон Тексас.