Бесплатен превоз за пензионерите и во недела

22.06.2014 18:21

Правото на повозрасните граѓани за бесплатно користење на услугите на ЈСП ќе се докажува како и досега, со покажување лична карта на службените лица во автобусот...

Одлуката за користење на бесплатен превоз во автобусите на ЈСП,за жените на возраст над 62 години и мажите над 64 години и во недела, почна да се применува од денеска. Донесена од Советот на Град Скопје, Одлуката стапи во сила по изгласувањето на новиот владин состав.

„Од денеска пензионерите можат слободно да се возат и во недела во автобусите на ЈСП. Ја разгледуваме можноста и за студентите“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Некои од граѓаните изненадени од оваа вест, но и многу задоволни.

„Убаво е, ќе има помалку гужва... Треба сите денови бесплатно возење за пензионерите“, велат случајно анкетираните граѓани.

Правото на повозрасните граѓани за бесплатно користење на услугите на ЈСП ќе се докажува како и досега, со покажување лична карта на службените лица во автобусот.

Со ова се зголеми бројот на денови во кои пензионерите без купен билет можат да ги користат услугите на ЈСП.


Јасмина Никова