Избори 2024

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на митинзи со граѓаните во Тиквешијата

27.04.2024 17:20

На 24-ти април се случи политички земјотрес , на осми мај ќе има политички вулкан порача кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова поддржана од коалицијата „Македонија повторно твоја“. владата на СДСМ и ДУИ мора да оди во опозиција, доста беше срам и понижување вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ...

Мојот тек на кампањата е женски, ама витешки. Јас не го анализирам кандидатот, туку говорам за тоа што ќе правам, говорам за тоа што не направил, говорам за тоа што мора да го направиме. Кажа од Крушево кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова.

Борба со сивата економија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски од митингот во Неготино најави борба со сивата економија за да буџетот се полни што повеќе и да има пари за сите граѓани. Порача дека со резултатите од првиот изборен круг за претседател и СДСМ И ДУИ се делегитимирани и време е да одат во опозиција. Тие повеќе се грижеле за себе и своите семејства, а не за иднината на Македонија и нејзините граѓани.

Гасификација на ТЕЦ Неготино

Носителот на листата од ИЕ4, Александар Николоски најави гасификација на ТЕЦ Неготино и уривање на монополот на една фирма во откупот на грозјето и производството на вино и да се стави крај на олигархијата. А затоа е потребна конкуренција за да има подобри цени.

Повик на обединување

Од ВМРО-ДПМНЕ повикаа на обединување пред изборите на 8-ми мај, а во интерес на Македонија. И најавија дека нема да ги изневерат граѓаните.

 

Петар Печков