Караванот на ЗНАМ на средба со граѓаните во Штип
Граѓаните ја препознаа партијата „За наша Македонија“ како трета опција во македонскиот политички блок. Поддршката на претседателските избори покажува дека идната влада без ЗНАМ тешко ќе се формира. Понудите за коалицирање ги очекуваме по изборите, но исклучена е секоја можност за коалицирање со СДСМ и ДУИ. Партијата ЗНАМ на средба со граѓаните во Штип...

Караванот на ЗНАМ на средба со граѓаните на Штип ги претстави своите кандидати за пратеници и дел од изборната програма. Претседателот Максим Димитриевски истакна дека според изборните резултати од претседателските избори, може да се заклучи дека граѓаните во партијата „За наша Македонија“ препознаа трета опција која на парламенмтрарните избори ќе добие уште поголема поддршка. Димитриевски истакна дека идната влада без ЗНАМ тешко ќе се формира, но исклучена е секоја понуда за коалицирање со СДСМ и ДУИ.
ЗНАМ очекува поголема поддршка на 8-ми мај
Третата изборна единица позитивно изненади со одзивот на граѓаните и на осми мај очекуваме уште поголема поддршка, изјави Павле Арсовски, носителот на листата пратеници од ЗНАМ. Тој го промовираше делот од „Прогласот за достоинствена Македонија“ наменет за пензионерите.
Платформа темелена на асномски корени и вредности
„Граѓанскиот, националниот и државниот интерес секогаш го ставаме пред партискиот и ЗНАМ ќе биде партијата која ќе гарантира политичка стабилност. Платформата на ЗНАМ се темели на асномските корени и вредности кои ја создадоа Македонија. Предлагаме потпишување на декларација за дефинирање на нашите национални црвени линии од страна на сите партии, нешто што требаше да го направиме пред 30 години“ – беше кажано на средбата со граѓаните во Штип.
Славица Величковска
