САД
Трамп и Бајден подготвени за соочување пред избори
27.04.2024 12:28
Доналд Трамп го прифати предизвикот на американскиот претседател Џо Бајден за јавна дебата во пресрет на изборите во САД...

Доналд Трамп го прифати предизвикот на американскиот претседател Џо Бајден за јавна дебата во пресрет на изборите во САД.
Откако актуелниот претседател во радиоинтервју соопшти дека јавно би се соочил со неговиот републикански ривал, Трамп излезе со став дека е подготвен тоа да го стори што е можно поскоро, па дури и предложи дебатата да се одржи вечерва во судот во Њујорк каде што му се суди за поткуп.
