Еден приговор до ДИК, продолжува кампањата
До Државната изборна комисија пристигна само еден приговор, за гласачкиот процес во Липково. Но има можност да се достават приговори за сумираните резултати. На терен партиите ја интензивираат изборната кампања...

Државната изборна комисија прифати само еден приговор за гласање на претседателските избори во Липково. Рокот за поднесување за прекршување на постапката за гласање заврши.
Државната изборна комисија има мандат да донесе одлука во рок од 72 часа. Доколку кандидатите не се задоволни од одлуката на ДИК, имаа право да поднесат тужба до Управниот суд.
А на терен партиите ја интензивираат изборната кампања. Силјановска Давкова и Пендаровски на агендата со самостојни настапи пред граѓаните наспроти партиите и коалициите што стојат зад нив. Сè уште официјално не се дефинира со кого ќе коалицира, но резултатите од првиот круг веќе ги дефинираат контурите на идната Влада велат аналитичарите.
Вториот круг претседателски и парламентарни избори се на 8-ми мај.
Марина Стојанова-Тонева
