Полуфинале за Македонија!
Кога се игра со срце на терен, проблемите надвор од него се анулираат, не важат. Иако дебитант, македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во полуфиналето на Европската лига. Причина за тоа се шесте врзани победи, меѓу нив и двете против Турција. Вчера 3:1, денеска во Арената Борис Трајковски во уште посигурни, поубедливи, моќни три сета.
Овојпат функционираше и одбраната и играта во поле, па Македонија немаше проблеми, поените ги освојуваше во серии, многу често благодарение на незгодниот тактички сервис на Ристо Николов.

Двете серии од 5:1 и 5:0 и овозможија на нашата репрезентација да го освои првиот сет со 25:18. Во вториот клучни беа двете низи од по 4:0, за 25:19. Се обиде Турција со три замени во последниот сет да се врати во игра, но со 5:1 во финишот Македонија обезбеди победоносни 25.20.
Македонија одигра како колектив, но бројките велат дека Никола Ѓоргиев и Јовица Симовски беа најрасположени со по 12 поени. Техничарот Ѓорги Ѓоргиев покрај тоа што ги разигруваше соиграчите собра и 6 поени, одличен со седум беше средниот блокер Зоран Ѓорѓевски, исто толку освои и Владо Милев, три реализираше Николов, а еден Ристо Клопчеевски.
Кај Турција нејефикасен со 9 поени беше Ѓокѓоз, Аслан имаше 6, Емет 5, Фиринчоглу и Чапкиноглу по 4, Саваш 2, Џевикел, Хазирол и организаторот на играта на Турција, Јенипазар по еден поен.
Нашите одбојкари досега загубија само бод во победата против Данска од 3:2, но се први со 14 во Групата Б. Втора е Словенија со максимални 12 бода од четири натпревари и дуелите меѓу овие две репрезентации на почетокот на јули во Марибор ќе решат кој ќе биде најдобар и во полуфиналниот реванш ќе игра на домашен терен.
Потенцијални противници во големата четворка се три репрезентации од конкуренцијата А, Грција, Романија и Црна Гора.