„Вреди“ ја претставија изборната програма пред тетовчани
Лидерите на коалицијата „Вреди“ ја претставија изборната програма пред тетовчани. Во нејзиниот фокус економскиот развој и европските интеграции. Претставени и носителите на изборните листи, со кои велат дека ќе ги остварат промените во земјата.

Клучен предуслов ни е интегрирањето во Европската унија, вели од коалицијата „Вреди“. Според нив досега земјава не покажала резултати во борбата против криминалот и корупцијата, а како што вели излезот од овие девијантни појави го гледа во европското семејство под надворешен мониторинг. Неговиот став е дека со отворање фронт во борбата против криминалот и корупцијата ќе се чувствува благосостојба, но и потребен е и пораст на платите.
И лидерот на БЕСА, Касами е со истиот став. Тој тврди дека „ќе има европска влада, каде што коалицијата „Вреди“ ќе биде дел во неа, а таа влада секако ќе го гарантира европското патување на земјата“. Од „Вреди“ сè уште немаат соопштено дали идната влада ќе се формира без уставни измени, но децидни се дека албанската опозиција, односно вреди ќе биде дел од новата влада.
Коалицијата „Вреди“ го продолжува предизборниот карван низ повеќе градови во земјава.
Александра Спировска