Избори 2024

Левица на средби со граѓани во Тетово

27.04.2024 17:26

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска платформа – велат носителите на листи во изборните единици од Левица...

Заштита на домашното производство, гарантирани цени за прехранбените производи, како и инвестирање и модернизација за земјоделството и субвенции за мотивирање на луѓето да живеат на село. Ова го изјави носителот на листата за пратеници од ИЕ6 за Левица, Игор Димески во Тетово кој имаше средби со граѓани. Тој презентираше дел од мерките за кои се залага Левица во областа на енергетиката и економијата.

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество. Ова го изјави носителот на листа во петката од Левица – Јована Мојсоска, која ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен.

Од партијата најавуваат дека ќе работат на подобрување на инфраструктурата, на базата до следните избори и ќе отворат нови канцеларии за да им се доближат на граѓаните во сите населени места. Според нив, главната битка е на 8-ми мај на парламентарните избори и тогаш ќе го играат второто полувреме. Уверени дека само со радикални промени може да се сврти нов лист и да се создаде средена држава.

Ветуваат укинување на партиципациите и школарините на факултетите, дигитализација на високошколските учебници по принципот на „отворен пристап“, десеткратно зголемување на буџетот за образование и наука.

 

Борис Грујоски