Моторциклистите бараат субвенции за опрема

22.06.2014 18:59

Последните три години 543-ца мотоциклисти настрадале во сообраќајна незгода. 10 од нив  го загубиле животот,123 се здобиле со тешки повреди, а 410 полесно повредени. Вклучн алармот за поголема безбедност и заштита на моторциклистите. Нема компромис, мора да се почитуваат правилата и задолжително да се носи заштитната опрема. За ризиците на кои се изложени се разговара со надлежните. Мотоциклистите бараат субвенции за опрема и поквалитетна хоризонтална сигнализација.

„Побаравме  заеднички да делуваме во легислативата, да најдеме начин за субвенционирање околу заштитната опрема, за некакви бенифити при нивната набавка со цел да се овозможи подобар пристап на мотоциклистите до поквалитетна опрема, пред се, ставајќи акцент на кацигите, една од најважната опрема кои треба да ги има секој мотоциклист“, вели Ленин Јовановски – претседател на мотоциклистичка федерација на Македонија.

Заедничко ќе се делува за да се постигне поголема безбедност во сообраќајот. Јанкулоска со апел, јавачите на ветерот да се однесуваат совесно, но и другите учесници во сообраќајот да ги почитуваат како рамноправни учесници.

„Токму поради тоа нашата цел е да алармираме до сите учесници во сообраќајот, за зголемено внимание, за почитување на правилата и прописите за носење заштитна опрема“, изјави Гордана Јанкулоска – министер за внатрешни работи.

Мотоциклистите кои носта соодветна заштитна опрема се позаштитени за 40 проценти кога станува збор за ризик по нивниот живиот, а за 70 проценти се позаштитени од повреди од евентуални несреќи.

Покрај денешната парада, ќе се вложува и во едукацијата на младите возачи-мотоциклисти и во барањата за зглемување на казнените мерки кон другите учесници во сообраќајот кои не внимаваат.

Да видите колку не има, да ни посветите повеќе внимание во сообраќајот. Оваа порака ја испратија мотоциклистите низ скопските улици.

Наташа Гркова-Петрушевска