Израел

Борбите продолжуваат, во исчекување на одговорот на Хамас

28.04.2024 08:39

Израелската војска ги продолжува операциите во Газа, во исчекување на одговорот на Хамас за израелскиот предлог за прекин на огнот...

Израелската војска ги продолжува операциите во Газа, во исчекување на одговорот на Хамас за израелскиот предлог за прекин на огнот.

Милитантите велат шансите за примирје се мали, доколку Тел Авив нема фундаментални амандмани. Американскиот претседател Бајден, тврди дека нема да мирува додека не бидат ослободени сите заложници. Хамас објави ново видео со заложници кои го молат Нетанјаху да ги ослободи, еден од нив е американски државјанин. Истовремено, борбите меѓу Хезболах и Израел стануваат се поинтензивни.

Јеменските Хути тврдат дека собориле американски дрон. Демонстрации против политиката на САД за Газа се одржаа пред Белата куќа за време на гала вечерата за новинарите. Протестите во Тел Авив и на универзитетите ширум светот продолжија.