Русија
Продуцент на Ројтерс доби притвор
28.04.2024 08:40
Двајца руски новинари, меѓу кои и продуцентот на Ројтерс се уапсени во Москва под обвинение за „екстремизам“...

Двајца руски новинари, меѓу кои и продуцентот на Ројтерс се уапсени во Москва под обвинение за „екстремизам“.
Одредена им е мерка притвор од 2 месеца во очекување на истрага и судење под обвинение дека работеле за група основана од починатиот руски опозиционер, Навални.
Москва тврди дека двајцата новинари, Константин Габов и Сергеј Карелин, подготвувале материјали за каналот на Јутјуб воден од фондацијата на Навални за борба против корупцијата, кој е забранет од руските власти. Доколку судот докаже вина, им се заканува казна затвор од 2 до 6 години.
И двајцата ги негираа обвиненијата.
