Кина

Загинати и повредени во торнадо во Кина

28.04.2024 08:42

Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што го погоди јужниот кинески град Гуангжу...

Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што го погоди јужниот кинески град Гуангжу. Забележани се налети на ветер од 20,6 метри во секунда.

Допрва ќе се врши увид за материјалната штета. Торнадото од 3 ниво доаѓа во момент кога провинцијата Гуангдонг се бори со рекордни поплави предизвикани од обилните дождови, во кои животот го загубија најмалку четири лица, а 10 сè уште се водат за исчезнати.