Претседателски избори

Претседателските кандидати продолжуваат со активностите

28.04.2024 09:12

Продолжуваат активностите на кандидатите за претседател на државата...

Продолжуваат активностите на кандидатите за претседател на државата. Кандидатката Гордана Силјановска-Давкова поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Македонија повторно горда“ ќе има средби со граѓани и митинзи во Могила, Демир Хисар, Битола.

Стево Пендаровски, кандидатот на коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани од Велебрдо и Маврово-Ростуше.