Бесплатни советувалишта за откажување од пушење
Предавањата, на почетокот на овој проект, ќе ги посетуваат здравствените работници, кои пак потоа ќе придонесат кон одвикнување од пушење кај своите пациенти...

Советувалишта за откажување од пушење ќе бидат отворени во рамките на сите центри за јавно здравје во Република Македонија. Стручниот кадар ќе биде составен од доктор и медицинска сестра, а по потреба и од психолог.
„Од утре до средината на август, советувалиштата ќе бидат достапни за лекарите. Од 20 август советувалиштата ќе бидат достапни и за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје, а воедно ќе бидат воведени и посебни термини наменети за советување за откажување од пушење кај адолесцентите“, рече министерот за здравство, Никола Тодоров.
Предавањата, на почетокот на овој проект, ќе ги посетуваат здравствените работници, кои пак потоа ќе придонесат кон одвикнување од пушење кај своите пациенти.
Едукативните предавања ќе ги вршат здравствените работници. Истражувањата покажуваат дека 80 проценти од пациентите – пушачи, полесно би ја откажале цигарата доколку ги мотивира доктор.
Фокусот ќе биде насочен кон негативните ефекти од конзумирањето цигари и штетите од тутунскиот чад за околината.
„После пет години од откажување ризикот од срцев удар е намален и е еднаков на оној на непушач“, нагласува Тодоров.
Советувањето ќе се одвива два пати неделно, од 13 до 15 часот.
Лука Андреев
