Судство

Судски совет го менува деловникот

28.04.2024 09:17

Со измени на деловникот, Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока. Се најавува воведување кратки рокови за движење на предметите во судски...

Со измени на деловникот, Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока. Се најавува воведување кратки рокови за движење на предметите во судски.

Претседателката на советот, Весна Дамева на брифинг со новинарите ги презентираше мерките што ги преземаат за исполнување на препораките на оценската мисија на ЕУ. Со измената на деловникот се воведува и обврска за членовите да објаснуваат и зошто гласаат против унапредување на некој судија не само кога гласаат за, но и образложување на одлуките со конкретни причини зошто некој судија кој иако бил погоре на ранг-листата не бил избран.

Ќе се зголемуваат бодовите на судиите за дополнителна работа. Претседателката Дамева е децидна – секој треба да гласа и да одлучува со интегритет. Периодов, судски ќе ја усвои и комуникациската стратегија, која е една од препораките. Експертите на ЕУ предложија 40 препораки, но за најголем дел треба законски или измени на Уставот. Акцискиот план на судски се однесува на имплеметација на 16-тина краткорочни препораки.