Македонија
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски
28.04.2024 09:28
Мурал со ликот на Бобан Трајковски денеска на пладне ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце...

По повод 23 години од трагичната смрт на Бобан Трајковски кај Вејце ќе биде откриен мурал со неговиот лик во центарот на Куманово, во организација на здружението „Сила“ и колегите од специјалната единица „Волци“.
Бобан Трајковски, припадник на баталјонот за специјални намени „Волци“ на Македонската армија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид сограѓани на Бобан.
