Избори 2024

Народен собир на Левица во Прилеп

28.04.2024 16:49

Борбата продолжува, велат од Левица. Им порачуваат на граѓаните да ги поддржат бидејќи велат се единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси. Во програмата имаат мерки и за заштита на земјоделството.

Резултатите од првиот круг беа очекувани, а сега сметаме на 80.000 гласови и двоцифрен број пратеници. Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење.

Апасиев: Не паѓаме со духот, продолжуваме со првичната замисла

Само со повеќе пратеници ќе може да го смениме досегашното веќе видено гласање со веќе видени луѓе и за помалото зло, порача од Прилеп Димитар Апасиев, претседател на Левица. По првиот круг не паѓаме со духот, туку продолжуваме со првичната замисла, рече Апасиев.

Листа на реални, но радикални мерки

Нудиме листа на реални, но радикални мерки, кои опфаќаат од работнички права, па до меѓународни односи. Ако не направиме радикален зафат во нашиот општествен живот, промена не е возможна, рече носителот на кандидатската листа за пратеници во четвртата изборна единица, Сашко Јанчев. Моите главни заложби се однесуваат на стопанството и земјоделството, рече Јанчев. Земјоделството мора да биде планско. Планираме да се пополнуваат стоковите државни резерви строго со домашно производство, со однапред склучени договори за земјоделците да имаат некаква сигурност во производството.

Партијата Левица очекува поддршка од прилепчани каде, како што велат од оваа партија, имаат реална основа за тоа.

Во Штип ќе има народен собира на Левица. Велат борбата продолжува, и им порачуваат на граѓаните да ги поддржат бидејќи велат се единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси. Во програмата имаат мерки и за заштита на земјоделството.

 

Елизабета Митреска